За нас

Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

   Д.О.О Логинг Електроникс го основавме на Македонскиот пазар во Октомври 1997 година. Настапивме во областа на електрониката и технологијата токму кога тие имаа најголем подем во нашата земја. Се соочивме со голема конкуренција, но полни со ентузијазам се изборивме за сопственото место.

Македонија  
Koсово  

   Распологаме со два продажни салони и добро опремен сервисен центар со вклучена техничка поддршка за целокупната наша понуда од над 20000 производи со постојана тенденција на зголемување. Имаме повеќе од 20 вработени, секој од нив квалификуван да биде професионалец во својата област. Професионалноста се должи на искуството, постојаната доедукација и надградба на знаењата и вештините во работењето преку отворените платени програми за посета на обуки, семинари, саеми ... за секој вработен.

Нашата основна дејност е продажба, сервис и дистрибуција на производи во три основни области:

  1. Индустриска и телекомуникациска мерна опрема;
  2. Електронски компоненти, алат, кабли и конектори;
  3. Мултимедија.

Овластени дистрибутери сме за: Fluke, Metrel, Mikroelektronika, Tektronix, Weller, Tasker, Electro-PJP, Visaton, Advantech, Xeltek, Konig, HQ и други докажани брендови од претходно споменатите области, чиишто производи се неопходни за задоволување на Вашите потреби. Довербата од компаниите ја стекнавме поради темелниот пристап во поддршката на нашите производи, како и посветеноста, упорноста и одговорното работење.

Согласно нашата МИСИЈА, Ви нудиме бесплатни консултации, обуки и совети за правилно и полесно користење на технолошки нови или специфични производи од нашата понуда, како и бесплатни практични решенија за нивна примена во секојдневието.

Како дополнителна дејност, но исто толку важна за нас, ќе го истакнеме нашиот добро опремен сервисен и развоен центар во кој можете да се обратите за сервисирање на сите напојувачи, засилувачи, програмабилна електроника, електронски уреди од вашиот дом и сл. Техничката поддршка од сервисниот центар за сите производи од нашата понуда и нивно фино прилагодување на Вашите потреби е бесплатно.

Следејќи ги трендовите на модерното живеење а со тоа и на брзото темпо на живот со се поголем недостаток на време, креиравме модерно решение за електронска продавница. Уникатниот графички дизајн, големиот избор на производи, поволности за вас, достапноста 24/7, брзата испорака до дома и гарантираната безбедност при купувањето, ќе Ви го направат купувањето едноставно, лесно и брзо.

Светот на технологијата се движи брзо а ние сме тука да Ви помогнеме да го следите и да ги искористите бенефитите од него во секојдневието.
Целта е обостраното задоволство, затоа што вредностите не поврзуваат!

Почитувани посетители, Ви благодариме што покажавте интерес за нашата компанија.

Fluke - brand
Mikroelektronika-brand
Logitech - brand
Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2018 Loging Electronics. All rights reserved.