Skip Navigation Links.

4-канална работна станица (управувачка единица)

ERSA i-CON V4
Print this pageseparatorSmaller textspacertextp
 
ERSA

Управувачка единица со 4 канали, моќност 360W, без приклучни работни рачки.

140.136 ден
(вклучено ДДВ): 21.376,68 ден
Се очекува (внесете го во кошничка да видите за колку денови)
w

ERSA i-CON VARIO 4A е управувачка единица, која во комбинација со соодветни рачки е совршено прилагодена за сите SMT и PTH апликации за лемење во електронската индустрија, преработка и сервисни потреби, како и во развојни апликации. Типични приклучни рачки за SMT апликации  (лемење и одлемување) се: рачка  за топол воздух i-TOOL AIR S и пинцета за одлемување CHIP TOOL VARIO.

 

Опсегот на нејзина употреба вклучува и најмали SMD чипови (0201), сите видови на стандардни SMD компоненти до повеќепински компоненти како PLCC 84, како и лемни точки со поголема количина на калај во PTH технологијата,  вклучувајќи  и нивното одлемување со соодветна приклучна рачка.

 

Карактеристики:

  • Станица за лемење и одлемување која истовремено може да напојува 4 рачки
  • Интелигентно управување со моќноста за нејзина динамичка дистрибуција на приклучените рачки
  • НИско ниво на бучава при употреба на топол  воздух за i-TOOL AIR S
  • Вградена вакуумска пумпа за рачка за одлемување
  • Едноставно ракување - интуитивно копче за едно притискање на копче и голем мултифункциски дисплеј
  • Вграден  интерфејс за управување со екстрактор на дим, предгрејна плоча и компјутер
  • USB интерфејс
  • Антистатички дизајн
  • Моќност: 360 W
  • Моќност во stand-by: 52 W
  • Номинален напон: 230 V AC
  • Работен напон на рачката: 24 V
  • Температурен опсег: 150-450°C односно 50-550 ° C (i-TOOL AIR S)
  • Капаците на компресот: 2-20 l / min
  • Димензии (Ш x Д x В): 300 x 280 x 115mm
  • Тежина: 10kg

 

Опции:

  • i-TOOL AIR 0470BRJ рачка на  топол воздух со прецизна контрола на температурата и контрола на протокот на воздух, 200 W
  • i-TOOL 0100CDJ рачка за лемење со високи перформанси за станиците за лемење i-CON, 150 W
  • CHIP TOOL VARIO 0460MDJ пинцета за одлемување, 2 x 40 W
  •  X-TOOL VARIO 0740EDJ eргономска алатка за одлемување за PTH-компоненти, 150 W
  •  i-TOOL HIGH POWER 0240CDJ рачка за лемење со голема моќност за i-CON VARIO станици, 250 W
  •  CHIP TOOL 0450MDJ ергономски пинцети за одлемување, 2 x 20 W
Напојување 220 V-AC
Потрошувачка 360 W
Температурен опсег 150 - 450 °C

Слични производи
Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2019 Loging Electronics. All rights reserved.