За вас

Print this pageseparatorSmaller textspacertextp
Почитувани,
 
   Целта на постоењето на електронската продавница, продажните салони и сервисниот центар е да Ви ги задоволиме барањата и потребите за производи од техничка природа дури и оние најспецифичните, да Ви понудиме совети во врска со примената на производите, да Ви ги приближиме новитетите од технологијата во олеснувањето на вашето секојдневие како и да Ви овозможиме одржување и поправка на електронските апарати и уреди од целокупната наша понуда.
 
ШТО КОНКРЕТНО ВИ НУДИ ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС:
 
1. На www.loging.mk можете да купувате online преку електронската продавница. Купувањето, гарантирано ќе Ви биде пред се безбедно (поддржано со “ssl” сертификати), брзо и едноставно. Плаќањето може да се врши со сите дебитни и кредитни картички со можност за купување на рати. Сакајќи да излеземе во пресрет на недостатокот од време, нудиме можност за ефтина, брза и сигурна испорака на Вашата нарачка до посакуваната адреса. Цената и рокот на испорака ќе ги знаете при креирање на нарачката. Доколку купувате за подарок, штиклирајте го копчето за пакување на Вашиот производ, напишете текст кој ќе стои на картичката од подарокот и ставете ја адресата на која сакате да биде испорачан подарокот. Бидете и Вие едни од многуте наши задоволни клиенти;
 
2. Во продажниот салон бр.1 можете да најдете производи како: алати, кабли, конектори, кабли со конектори, адаптери, опрема за напојување, пасивни компоненти, полупроводници, прекинувачки компоненти, програматори и развојни системи, индустриска и телекомуникациска мерна опрема, опрема за лемење, батерии, полначи за батерии итн. Сите овие производи се од докажани светски брендови како: Fluke, Metrel, Mikroelektronika, Tektronix, Weller, Solomon, Tasker, Electro-PJP, Visaton, Indel, Svantek, Circutor, Advantech, Xeltek, Varta;
 
3. Во продажниот салон бр.2 можете да најдете производи како: аудио/видео уреди, сплитери, преклопници,  звучници, микрофони, слушалки, додатоци за мобилни телефони како футроли, држачи, напојувања, компјутерски додатоци, USB конвертори, контролери, USB хабови, “dock”-станици, екстендери, USB мемории, мултимедијални уреди, видео сплитери, дигитални рамки, временски станици, диско светла, уреди за презентација, надворешни хард дискови, камери, звучници, држачи за телевизори, држачи за проектори, полначи, телескопи, двогледи, дигитални апарати, GPS уреди (за GPS уредите купени од Логинг Електроникс обезбедуваме бесплатно ажурирање на мапите во иднина), ЕКО-сијалици, итн., повторно од докажани светски брендови како Konig, HQ, BXL, Aten, Olympus, Garmin, Sitecom;
 
4. Во секторот за техничка поддршка од сервисниот центар при купување на некој од нашите над 20000 производи можете да:
  • Очекувате бесплатна:
    техничка поддршка за истите и нивно фино прилагодување на Вашите потреби
    услуга за изработка на кабли со конектори со должини по Ваша мерка (важи само доколку сите материјали се купени во Логинг Електроникс). Ако имате прашање или потреба од специфична изработка ви препорачуваме пред нарачка да се консултирате на: support@loging.mk или на тел.02 3127 345 лок.2
  • Вршите поправка во и после гарантен период на производите од нашата понуда, но и да поправите Ваши производи како адаптери  за лаптопи, засилувачи и  разни електронски уреди.

*После извршената дијагностика од секторот за техничка поддршка очекувајте да добиете информација за времето на поправка или цената на чинење на услугата, а откако ќе го поправиме ќе бидете известени телефонски или по e-mail за да си го подигнете производот.

5. Кај нас можете да се обратите за бесплатни совети од стручни лица за специфични технички решенија како и бесплатни обуки за користење и употреба на мерните инструменти и останатата опрема набавена од Логинг Електроникс;

6. На www.loging.mk на располагање Ви се блогови, електронски весници, форуми, каталози и литература кои ќе Ви овозможат да бидете информирани за најновите технички производи, иновации како и да разменувате мислења, искуства со оние кои имаат исти или слични потреби, барања и желби како Вас;

7. На facebook fun page на www.loging.mk можете да се забавувате со многу од постовите кои имаат забавен карактер како вицови за програмери, смешни слики за инженери, наградни игри итн., во кои можете да се вклучите и да придонесете за забавата.

Нашите продажни салони се вистински рај за технички лица и за оние чиешто хоби е поврзано со електроника, аудио, видео и се останато од техничка природа.
Светот на технологијата и онлајн купувањето сега Ви е достапен на www.loging.mk. За да заштедите време и енергија.

ПРЕБАРУВАЈТЕ, ОДБИРАЈТЕ, КУПУВАЈТЕ, ПОДАРУВАЈТЕСОВЕТУВАЈТЕ СЕ И ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ!
Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2018 Loging Electronics. All rights reserved.