Тринаесеттите по ред работилници во соработка со Fluke ги реализиравме во периодот помеѓу 13 и 17.11.2017 година.
И овој пат имавме интересни средби со индустријата за запознавање со новитетите од добро познатиот производител Fluke, како и одлична можност за отворање на нови апликации, нови можности, подобрувања...
Позитивните реакции од терен за овој настан иницираат мотив повеќе кај нас да продолжиме со оваа практична едукација.
И овој пат интересни беа термовизиските камери, посебно новиот модел Fluke Ti480, комбинираниот мултиметар – термовизиска камера Fluke 279, но и добро познатите класици од Fluke.
Работилницата ја проследија 45 технички лица од следниве компании:
-
БЕГ Производство, Скопје
-
Факом, Скопје
-
Раде Кончар Сервис, Скопје
-
Пивара Скопје, погон Кока Кола, Скопје
-
Вивакс, Скопје
-
Еуробрик, Велес
-
Макс, Струмица
-
Адиент Аутомотиве, Струмица
-
МЕПСО, Скопје
-
ХЕЦ Козјак, ХЕЦ Св. Петка Скопје
Се надеваме дека дадовме придонес до наведената цел и им благодариме на наведените компании за реализација на настанот.