Диода е електронска компонента со два терминали и со асиметрична преносна карактеристика, со мал (идеално нула) отпор спрема течењето на струја во една насока, и висок (идеално бесконечен) отпор во другата насока. Полупроводничката диода, најчестиот тип денеска, е кристално парче од полупроводнички материјал со P-N спој поврзан помеѓу двата електрични терминали.
Најчестата функција на диодата е да овозможува проток на струја во една насока (наречена директна насока на диодата), а да го блокира течењето на струјата во обратна насока. Со ова, диодата може да се замисли како еден вид на електричен вентил. Ова унидирекционално однесување на диодата се нарекува насочување (исправување), и се користи за конверзија на наизменичната струја (AC) во еднонасочна струја (DC).