Двоканален дигитален мемориски осцилоскоп

INSTEK GDS-3152
Print this pageseparatorSmaller textspacertextp
 
INSTEK
Код од Произв.: GDS-3152

Двоканален мемориски осцислоскоп со пропусен опсег од 150MHz. Располага со напредни функции за преглед, анализа и мерења на брановата форма, прегледeн  дисплеј и панел со контроли. Наменет е за употреба во процесите на развој и истражување, едукативни цели, напредни анализи во индустријата.

129.188 ден
(вклучено ДДВ): 19.706,64 ден
Се очекува (внесете го во кошничка да видите за колку денови)
w

GW INSTEK GDS-3152 - моќен дигитален мемориски осцилоскоп од серијата 3000 на производителот GoodWill Instruments. Има голем 8 инчен SVGA TFT LCD дисплеј, комбиниран со напредна технологија за дигитално процесирање  со голема деталност и чистина на прикажаните бранови облици.
Со семплирање 2.5Gs/s и VPO (Visual Persistency Technology), осцилоскопот ги прикажува сигналите со голема точност и можност за прикажување (снимање) на сигнали со многу ниска фреквенција како импулси, напонски шпицови без пропуштање на ниту една точка од брановиот облик.
Со USB приклучокот на предниот панел мерните резултати се префрлуваат на компјутер. На задниот панел со дополнителниот USB конектор може да се врши далечинско управување за печатење на слики директно со PictBridge компатибилните принтери.
Осцилоскопот поседува RS232 и LAN приклучок кој дава флексибилност во употребата при голем број на апликации. SVGA конекторот овозможува приказ на осцилограмите директно на монитор, ТВ или проектор.

 

Карактеристики:

  • Двоканален, мерно подрачје 150MHz
  • Време на семплирање: 2.5GS/s, еквивалентно време на семплирање: 100GS/s
  • 25К точки меморија за секој канал
  • Split Window функција за подобрена прегледност на брановата форма
  • VPO технологија за приказ на “случајни” сигнали
  • Променлива влезна импеданса: 50Ω, 75Ω и 1МΩ
  • Софтвер за мерење на квалитет на електрична енергија (опција)
  • Картица за декодирање и синхронизација со сериски протокол (опција)
  • Процесирање на сигналите: (собирање, одземање, делење, FFT..)
  • Стандардни интерфејси: RS232 и LAN
  • Снимање/Репродукција на 15 сетинзи и бранови форми
  • Data Logger функција
  • 27 Автоматски мерења
  • 6 Цифрен-дигитален бројач на фреквенција

 

Комплетот содржи: осцилоскоп, 2 пара мерни сонди, кабел за напојување и упатство за користење.

Фреквентен опсег 150 MHz
Број на аналогни канали 2
Брзина на семплирање 2,5 GS/s
Должина на запис (к/канал) 25
Комуникација
USB
LAN
GPIB (опција)
Големина на дисплеј 8 ''
Надворешна меморија
USB
Видео излез
Да
LabView драјвер
Да
Подршка за тригери
I2C
SPI
UART

Слични производи
Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2019 Loging Electronics. All rights reserved.