Fluke 5322A е повеќенаменски инструмент кој ги заменува традиционално користените дискретни отпорници, декадните отпорници и друга опрема која се користи за калибрирање на електрични тестери. 5322А ја забрзува и поедноставува постапката за калибрацијата, а притоа операторот треба да владее и одржува еден калибратор наместо традиционалниот пристап со повеќе инструменти. Во комбинација со софтверот MET/CAL дополнитено се автоматизира постапката за калибрација, со што 5322А постанува моќна и доверлива опција за секоја лабораторија.
Со 5322A може да се калибрираат сите главни категории на тестери за електрична безбедност и сигурност. Придобивките од овој калибратор најдобро се опишуваат со клучната функционалност, но и широкиот спектар на опрема која може да се калибрира.
5322A може да ги калибрира следниве уреди:
-
Високонапонски тестери
-
Тестери за отпорност на изолација (мегаомметри)
-
Тестери за импеданса на јамка / линија
-
Тестери за континуитет
-
Тестери за отпорност на заземјување
-
Тестери на струја на истекување
-
Тестери на еквипотенцијалност
-
Тестери на диференцијални склопки (RCD)
-
Повеќенаменски тестери на инсталација
-
Преносни тестери на сигурност на електрични апарати (PAT)
Клучни карактеристики:
-
Континуално задавање на отпорноста и напонот со што се овозможува калибрација на тестери за отпорност на изолација до 5 kV. На тој начин се обезбедува поставување на било која вредност на отпорноста за таа да одговара на барањата на уредот под тест (DUT) и да го прилагоди излезот 5322A на номинална вредност, што помага во калибрирање на постарите тестери на изолација
-
Компензацијата на активната јамка го олеснува калибрирањето на тестерите на заштитни импеданси со елиминирање на преостаната импеданса на линијата за време на процесот на калибрација.
-
Извор од 600 V (опција VLC) овозможува калибрација на подрачјата за мерење на АС напон на сите мерни уреди. Оваа функција е исто така корисна за напојување на повеќе типови на PAT-тестери.
-
Генерирањето на низок отпор со 4 жилно поврзување овозможува прецизни мерења струјата и елиминирање на контактниот отпор при калибрација на тестерите на ниски отпорности (милиомметри и сл).
-
Дополнителните отпорници за висок напон 5322A-LOAD 5 kV вклучуваат можност за прецисно тестирање на високонапонски тестери.
-
Симулацијата на RCD овозможува тестирање на тестери на инсталации и РАТ-тестери со одлична точност на времето и струјата.
-
Приказ на "чистината" на испитниот напон при испитување на високонапонски тестери, преку мерењата на брумот и мерењето на THD
-
Компатибилноста со софтверот MET / CAL го автоматизира режимот на емулација на 5322A во 5320A за подобрена моќност и поголема конзистентност.
Комплетот содржи: напојувачки кабел, адаптер RCD-PAT, адаптер PAT-LOAD, R-мултипликатор со коаксијален кабел, делител од 10 kV, сет за HV-тест и комплет приклучоци со банана конектори