Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Плива Дооел - Скопје

Скопје, 08.11.2014 11:26:44

Информации за проектот

Проект:

Систем за следење на амбиентални параметри: температура и влажност

Компанија:

Плива Дооел, Скопје

Проект Менаџер:

Амелија Јанковска

Сегмент:

Фармацевтска индустрија

Тип на апликација:

Мониторинг и архивирање на температура и релативна влажност во магацински простории и ладилни комори. Дојава на аларми преку SMS и email пораки

Опис на проектот:

Плива фармацевтската компанија е една од водечките фармацевтски компании во источна Европа, со свое претставништво во Македонија.  За исполнување на строгите стандарди за складирање (идеална температура и релативна влажност ) на медикаментите, воспоставен е систем за мониторинг, архивирање, визуализација и аламирање на амбиентални параметри.
Системот содржи 6 мерни уреди: 4 уреди рамномерно
распоредени низ објектот, еден за следење на надворешна температура  и еден за ладилната комора каде се чуваат медикаменти. Сите уреди имаат Ethernet комуникација и PoE (Power over Ethernet) напојување.
На барање на корисникот за дојава на аларми е инсталиран специјален GSM модем поврзан со апликацијата, преку кој  се испраќаат SMS пораки при надминување на зададени гранични вредности. 
Сите измерени податоци се централизираат, визуализираат и архивираат во софтверската апликација Comet DBS.

Типови на мерни инструменти

Comet T3610

Web сензор за мерење на температура и влага со Ethernet    комуникација и PoE напојување

Comet GSM KIT-W

GSM модем за SMS дојава на аларми

Комуникација

   Ethernet   

Софтвер

   Comet DBS Конфигурација на базата на податоци, параметрирање на системот, конфигурација на аларми, е-mail+SMS аларми,  кориснички менаџмент на апликацијата
   Comet T-Sensor Конфигурација на мерните уреди
   Comet DB Viewer Преглед на архивирани измерени параметри, графички и табеларен приказ на температура и влага, изработка на комплетни извештаи според потребите на корисникот

Придобивки од проектот

  Контрола: Прецизна контрола на условите при складирање на медикаментите
  Алармирање: Алармирање во случај на дефект на ладилна комора, отворена врата, прекин на електрична енергија со цел контрола на квалитетот и намалување на загубите на компанијата
  Архива: Целосна архива за трендот на температурата и релативна влажност

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2020 Loging Electronics. All rights reserved.