Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

ДММ Дрекслмајер - Кавадарци

Кавадарци, 05.01.2016 12:46:18

Информации за проектот

Проект:

Систем за следење на концентрација на амбиентален јаглерод диоксид - CO2

Компанија:

ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ

Проект Менаџер:

Кирил Атанасов

Сегмент:

Производство на кабелски сетови за потребите на автомобилската индустријаа

Тип на апликација:

Мониторинг на јаглерод диоксид, дојава на аларми преку SMS и email, архивирање на измерените вредности

Опис на проектот:

Компанијата Дрекслмајер во склоп на фабриката во Кавадарци произведува кабелски сетови за потребите на автомобилската индустрија во Европа. Производството на софистицирана опрема побарува прецизна контрола на амбиенталните услови во производните хали по што компанијата одлучи да го надгради постоечкиот систем за климатизација со систем за следење на концентрација на јаглерод диоксид – CO2.
Во секоја од производните хали се поставени 2 мерни уреди за концентрација на јаглерод диоксид, вкупно 6. Еден мерен уред покрај јаглерод диоксид дополнително мери температура и релативна влажност како надополнување на постоечкиот систем за климатизација. Сите информации преку Ethernet комуникација се превземаат на компјутер каде е инсталиран софтвер за анализа, управување и следење на параметрите. За секој од мерните параметри се поставени алармни граници за максимална концентрација по чие надминување се испраќаат аларми на email до одговорно лице. Дополнително инсталиран е и GPRS модем за SMS дојава на аларми и контрола на работењето на системот. Со ова компанијата воспостави интелигентен и модуларен систем за контрола на амбиенталните параметри кој во иднина може да се надоградува со различни мерни уреди во зависност од потребата на корисникот.

Типови на мерни инструменти

  Comet T5540 Web сензор за мерење на концентрација на јаглерод диоксид со       мерен опсег до 2000ppm и Ethernet комуникација
  Comet T6540 Web сензор за мерење на концентрација на јаглерод диоксид со       мерен опсег до 2000ppm, температура и релативна влажност со Ethernet комуникација
  Comet GSM KIT-W GSM модем за дојава на аларми преку SMS пораки

Комуникација

   Ethernet  

Софтвер

   Comet CDB Конфигурација на базата на податоци, параметрирање на системот, конфигурација на аларми, е-mail+SMS аларми,  кориснички менаџмент на апликацијата
   Comet T-Sensor Конфигурација на мерните уреди
   Comet DB Viewer Преглед на архивирани измерени параметри, графички и табеларен приказ на CO2, температура и влага, изработка на комплетни извештаи според потребите на корисникот

Придобивки од проектот

 Контрола: Точна информација за концентрацијата на јаглерод диоксид, по потреба промена на работењето на централната климатизација во објектот во зависност од измерените вредности
 Алармирање: Дојава на аларми во форма на SMS и email пораки до одговорно лице
 Архива и извештаи: Комплетна архива за концентрацијата и трендот на мерните параметри од моментот на воспоставување на системот со можност за изработка на извештаи

 

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2020 Loging Electronics. All rights reserved.