Преносен анализатор на квалитет на електрична енергија во класа S

FLUKE 434-II
Print this pageseparatorSmaller textspacertextp
 
FLUKE

Преносен анализатор на квалитет на електрична енергија од новата генерација, со напредни функции за целосна анализа на мрежните системи.

396.567 ден
(вклучено ДДВ): 60.493,27 ден
Се очекува (внесете го во кошничка да видите за колку денови)
w

Fluke 434-II - е преносен анализатор на квалитет на електрична енергија од новата генерација. Поседува голем дисплеј во боја за јасен приказ на мерните големини. Наменет е за сервисни потреби во енергетските мрежи, каде е потребна основна и напредна анализа на параметрите на мрежата. Анализаторот содржи и модул за SD мемориска картичка, со што се проширува неговата употреба и како снимач (логер) за подолг временски период.

 

Карактеристики:

  • Голем дисплеј (дијагонала 153mm), јасен, со LED осветлување, колор LCD дисплеј со 320x240 резолуција
  • Калкулатор за пресметување на енергетските загуби во избраната валута: класични мерења на активна и реактивна моќност со патентиран алгоритам за пресметка на енергетските загуби поради лошиот квалитет на електрична енергија предизвикан од вишите хармоници и неизбалансираниот товар во мрежата    
  • Мерење на енергетска ефикасност на претворувачите: симултано мерење на AC излезната струја и DC влезната струја на електронските инвертори/претворувачи во електроенергетскиот систем со употреба на опциониот DC струен адаптер
  • Решавање на проблеми во реално време: брзо решавање на проблеми, анализа на сигналот и функција за зголемување на брановата форма "ZOOM"
  • Автоматско меморирање на секое мерење без посебни нагодувања
  • Фуннкција за напредно снимање на параметри, корисничко нагодување на долгорочни снимања MIN/MAX/AVG вредности до 150 различни параметри на сите 4 канали.
  • Поддршка за SD мемориска картичка: меморирање до 600 избрани параметри во една година со резолуција до 10 секунди
  • Преглед на графици и генерирање на мерни подрачја, детален преглед на мерни резултати, графици и изработка на извештаи преку софтверскиот пакет
  • Автономија на батеријата: 7 часа непрекината работа со едно полнење на батеријата    
  • IP51 степен на заштита од вода и прашина, заштитна гумена рамка за заштита од оштетувања при пад
  • Гарантен период: 3 години

Комплетот содржи: инструмент, 4 x струјни клешти до 3000А, напонски мерни сонди, прстени во боја за идентификација на каблите, батерија и полнач, 8GB SD мемориска картичка, USB кабел, софтверски пакет Power Log, C1740 торба за инструмент и упатство за употреба.   

Број на напонски влезови
4+1
Број на струјни влезови
4
Основна точност 0,2 %
Напонска категорија
CAT III 1000V
CAT IV 600V
Класа
S
EN 50160
да
Хармониска анализа
50 ред
Детекција на транзиенти 10 µs
Logger функција
Да
Надворешна меморија
мемориска картичка
Дополнителна Опрема

Слични производи
Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2019 Loging Electronics. All rights reserved.