Индустриско напојување

DEL-DRP24V480W1A
Print this pageseparatorSmaller textspacertextp
 
DELTA PSU
Код од Произв.: DRP024V480W1AA

Индустриско напојување за монтажа на шина,
24VDC, 20A, 480W.

15.291 ден
(вклучено ДДВ): 2.332,53 ден
Се очекува (внесете го во кошничка да видите за колку денови)
w

DRP024V480W1AA е дел од CliQ серијата на напојувања за монтажа на DIN шина. Солидното метално пакување има компактно тело од само 160mm, кое е отпорно на шокови и вибрации согласно со IEC 60068-2 стандардот. Уредот работи во широк опсег на температура од -20°C до +80°C. DRP024V480W1AA има универзален AC влезен напонски опсег од 85Vac до 264Vac, и излезната моќност нема да се деградира во целиот опсег на влезен напон. Ова монофазно напојување вклучува и пренапонска, прекуструјна, заштита од прегревање и заштита од куса врска. Производот исто така има и Power Boost функција од 150% за 3 секунди. Оваа функционалност овозможува резервна моќност која е секогаш на располагање за сигурен старт на оптоварувања со јаки струи на вклучување, и со тоа ја елиминира потребата од поскапо напојување со поголема декларирана моќност.

 

Излез:

  • Номинален излезен напон: 24V
  • Опсег на промена на излезниот напон: 22-28Vdc
  • Номинална излезна струја: 20A
  • Излезна моќност: 480W
  • Напонска регулација: < 0.5% typ. (@ 85-264 Vac влез, 100% оптоварување)
  • Струјна регулација: < 1% typ. (@ 85-264 Vac влез, 0-100% оптоварување)
  • Време на вклучување: < 1000ms @ номинален влез (100% оптоварување, 25°C)
  • Време на задршка: > 20ms @ 115Vac & 230Vac (100% оптоварување, 25°C)
  • Динамички одзив: ±5% @ 10-100% оптоварување
  • Вклучување со капацитивен товар: 10000µF Max

 

Влез:

  • Номинален влезен напон: 100-240Vac
  • Опсег на влезен напон: 85-264Vac ( 120-375 Vdc )
  • Номинална влезна фреквенција: 50-60Hz
  • Опсег на влезна фреквенција: 47-63Hz
  • Влезна струја: < 5.70A @ 115Vac; < 2.80A @ 230Vac
  • Ефикасност при 100% оптоварување: > 85.0% @ 115Vac, > 88.0% @ 230Vac
  • Максимална стартна струја: < 50A @ 115Vac; < 150A @ 230Vac
  • Фактор на моќност: > 0.97 @ 115Vac; > 0.95 @ 230Vac
  • Струја на истекување: < 1.25mA @ 240Vac

 

Карактеристики:

  • Универзален AC влезен напон
  • Моќноста нема да падне за целиот опсег на влезен напон
  • Power Boost од 150% за 3 секунди
  • Алуминиумско куќиште отпорно на корозија
  • ATEX и Class I, Div 2 сертифициран за употреба на опасни локации
  • Заштити од Пренапони/Преоптоварување/Прегревање/Куса врска
  • Димензии: (121x160x118.5)mm
  • Тежина: 1.80kg
Тип
DIN
Излезен напон 24 V
Излезна струја 20 A
Моќност 480 W
Опсег на промена на излезниот напон 22 - 28 V
Влезен напон 85 - 264 V
Напонска регулација 0,5 %
Струјна регулација 1 %
Заштита
Преоптоварување
Пренапони
Прегревање
Димензии 121 x 160 x 118.5 mm
Работна температура -20 - 85 °C
Ефикасност 88 %
Дополнителна Опрема

Слични производи
Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2019 Loging Electronics. All rights reserved.