Квадкоптер

XR-16000
Print this pageseparatorSmaller textspacertextp
 
XIRO
Квадкоптер, Дрон, GPS
36.277 ден
(вклучено ДДВ): 5.533,78 ден
Б.Исп.одЛагер
w

Не се сите дронови исти, тоа е нешто што може да се забележи веднаш. Покрај разликите во дизајнот, исто така има разлики во начинот на користење и во одредени карактеристики. Во сите од овие точки Xiro Xplorer е позициониран доста високо. Овој прекрасно дизајниран квадкоптер може да се лета веднаш кога ќе биде распакуван. Само поставете ги елисите, наместете ја батеријата и спремни сте за летање. Благодарение на многуте паметни карактеристики кои се составен дел од овој квадкоптер, забавата е загарантирана. Исто така е многу брз, максималната брзина изнесува 54km на час.

Впечатливиот црно-зелен Xplorer доаѓа со напредно и прецизно далечинско. Полетувањето можете да го направите со притискање на само едно копче, и слетувањето исто така. Без никакви проблеми. Кога веќе ќе биде во воздух, квадкоптерот во секое време знае која му е точната локација и каде се наоѓа неговиот пилот благодарение на вградениот систем за глобално позиционирање. Xplorer може да лебди на одредено место одбрано од вас. Од далечинското можете да одберете помеѓу три пре-програмирани модови на летање со различни ограничувања во брзината и висината на летање. 

Со поставување на вашиот паметен телефон на соодветниот држач на далечинското, можностите на Xplorer G се уште поголеми. Со апликацијата (за Android и iOS) добивате секаков вид на информации на вашиот паметен телефон. Можете да ја гледате висината на леталото, брзината, растојанието на истото со далечинското. Исто така можете да внесете патека која дронот ќе ја следи. Далечинското може да комуницира со дронот на растојание до 250 метри. Доколку комуникацијата се прекине, дронот ќе се врати на почетната позиција.

Благодарение на моќната батерија можете да летате до 25 минути. Полнењето е едноставно со помош на полначот на кој му се потребни околу 90 минути за да ја наполни комплетно батеријата. Батеријата на квадкоптерот и далечинското можат да се полнат во исто време. Заштитата на батеријата е прилично добра така што оштетувањата при пад се минимални. Бидејќи Xplorer е составен од мал број на делови кои може да се извадат, конструкцијата на леталото е прилично цврста.

 


Политика, Воздухоплови без Екипаж
Препораки, за Летање Воздухоплови без Екипаж

 

Брзина на летање 15 m/s
Време на летање 25 min
Работен опсег 250
Работна фреквенција 2,4 GHz
Камера
Не
ГПС
Да
Капацитет 5.200 mAh
Тип на батерија
11.1V 3S LiPo
Дополнителна Опрема
Коментари (0) Напишете коментар

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2020 Loging Electronics. All rights reserved.