Напредна термовизиска камера со детекција на истекување на SF6 гас

FLUKE Ti450 SF6
Print this pageseparatorSmaller textspacertextp
 
FLUKE

Термовизиска камера со два режими на работа: напредна термовизиска камера и детектор на истекување на изолаторскиот гас SF6.

1.119.504 ден
(вклучено ДДВ): 170.771,8 ден
Нема лагер (прашајте не за рокот на испорака)
w

Fluke Ti450 SF6 - напредна термовизиска камера за индустриско одржување, современа алатка во процесите на одржување и откривање на дефекти. Камерата може да работи во посебен режим за детекција на истекување на SF6 изолаторски гас во високонапонските постројки.

Освен стандардните функции, содржи и функција LaserSharp™ Auto Focus за автоматско добивање на кристално чисти и фокусирани термовизиски слики.

Користејќи ја уникатната IR-Fusion® технологија, се врши едноставно префрлување помеѓу различните начини на прикажување на сликата: термовизиска, слика-во-слика, или обична фотографија на објектот. Има можност за додавање на леќи за зголемување/намалување на видното поле.

Камерата може да работи во посебниот SuperResolution режим на работа, со кој за 4 пати се зголемува резолуцијта на термовизиската слика.

 

 

Карактеристики:

  • Детекција на места каде истекува изолаторскиот гас SF6 во високонапонски постројки без да има потреба од нивно гаснење
  • Едноставна промена на двата режими на работа: термовизиска камера и детектор на истекување на гас
  • Револуционерна LaserSharp™ Auto Focus функција за континуирано, потполно автоматско фокусирање на сликата. Камерата најпрво го мери растојанието до мерниот објект и на основа на резултатот ја фокусира сликата
  • Голем, осветлен дисплеј, осетлив на допир со дијагонала 3,5 инчи (8.9cm)
  • Температурен опсег: (-20 +1500)°C, со термичка осетливост (NETD): ≤0.025°C (25mK) при температура од 30°C
  • Резолуција на IR сензор: 320x240, односно 640x480 во посебниот режим на работа SuperResolution
  • Нагодување на емисивноста (emissivity), трансмисијата (transmission) и рефлексијата (background reflection temperature) 
  • Резолуција на видливата (фотографска) камера: 5МP
  • Оптимизирана за работа во “тешки” работни средини
  • Изградена и тестирана на падови од 2m висина
  • Избор од различни стандардни  и специјални Ultra contrast палети за лесен преглед на термовизиската слика
  • IR-PhotoNotes™ функција за додавање на 5 фотографски слики на секоја термовизиска
  • Снимање на аудио коментари со должина од 60sec за секоја слика
  • 4GB мемориска картица за снимање на 3000 слики во jpg/bmp формат
  • Можност за снимање на звучни записи со времетраење од 60сек за секоја термовизиска слика
  • Снимање на потполно радиометриско (термовизиско) видео (is3 формат) со сите термовизиски податоци
  • Стандарден агол на гледање: 24° хоризонтално × 17° вертикално. Проширување на видното после со широкоаголни леќи (опција) за агол 46°×34°, односно намалување со telephoto леќи (опција) за  агол 12°×9°
  • Бежично Wi-Fi  поврзување со компјутер, локална мрежа (LAN), iPhone® и iPad® уреди
  • Вградена светилка за осветлување на мерната точка
  • Електронски компас за одредување на положбата на сликата
  • Поврзување со 5 дополнителни уред од серијата CNX бежични мерни уреди за истовремено следење на мерни големини поврзани со термовизиското снимање
  • IP54 заштита од влага и прашина

Во компетот се содржат:

  • Термовизиска камера Ti450 SF6 со брзина на освежување на слика од 9Hz
  • 2xLiOn батерии
  • AC напојување кој истовремено е и полнач за батериите
  • 4GB MicroSD-мемориска картичка со SD адаптер
  • SD-читач на картички (USB) за симнување на сликите во компјутер
  • SmartView™ софтвер со бесплатни доживотни надградби
  • USB кабел, HDMI кабел
  • Робусен тврд куфер
  • Мека торба за транспорт
  • Рачен каиш
  • Упатство за користење
  • Картица за регистрација на уредот

 

Дополнителна Опрема
Коментари (0) Напишете коментар

Слични производи
Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2018 Loging Electronics. All rights reserved.