Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Продолжува акцијата на Логинг – “Технологија за тебе”

Р. Македонија, 25.10.2018 17:58:22

             Уште три средни училишта низ Македонија добија на подарок техолошки уреди во рамките на Акцијата на Логинг Електроникс од Скопје, којашто започна минатата недела. По активностите спроведени во електро-техничките училишта во Скопје, Кочани и во Крива Паланка, овој пат, врвни технолошки уреди на подарок добија училиштата ССОУ "Коле Неделковски", од Велес, СОТУ "Ѓорѓи Наумов", од Битола и СОУ „Ристе Ристески Ричко“, од Прилеп. Акцијата “Технологија за тебе” се спроведува и е во согласност со наставната програма на Министерството за образование, а има за цел да ја подигне свеста за употребата на новите технологии во секојдневието.


    “Акцијата е една во континуираната низа на активности коишто ги спроведува Логинг Електроникс во изминативе години на техничките факултети, а сега и во средните технички училишта. Со акцијата сакаме да ја овозможиме достапноста на микроконтролерите до секој млад вљубеник во техниката, да се понуди можност и да се поттикне нивната креативност, за да можат во иднина да развиваат сопствени платформи и решенија”, вели Златко Крстевски, директор на Логинг Електроникс.

 

Последни вести
25.10.2018
Продолжува акцијата на Логинг – “Технологија за тебе”

ТЕХНОЛОШКИ УРЕДИ ДОБИЈА УШТЕ ТРИ СРЕДНИ УЧИЛИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

. ...
Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2018 Loging Electronics. All rights reserved.