Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Завршни активности од акцијата на Логинг Електроникс – “Технологија за тебе”

Куманово, 27.11.2018 15:52:23

Учениците и наставниот кадар од ОСТУ “Наце Буѓони”, од Куманово, беа дел од завршните активности во рамките на акцијата на Логинг Електроникс од Скопје. Активностите под мотото “Технологија за тебе” коишто што се одвиваа во текот на овој месец, вклучуваа подароци на врвни техолошки уреди во електро-техничките училишта низ Македонија.

Средношколците од “Наце Буѓони” добија донација на микропроцесорски системи и додатоци, базирни на ARDUINO UNO платформата. Спроведената практична работилница беше одлична можност за учениците да се запознаат со програмата и да работат со неа.

“Заинтересираноста, интерактивноста и желбата на учениците да научат нешто ново, допонително нè мотивира и во иднина да продолжиме со нашите активности на донирање на технолошка опрема и едукација кај средношколската младина. Учениците од ‘Наце Буѓони’ наведуваат дека немале можност да работат на практични проекти затоа што, едноставно, немале опрема. Се договоривме во блиска иднина поворно да се видиме за да ни презентираат некои од проектите што ќе ги изработат”, вели Златко Крстевски, директор на Логинг Електроникс. Во компанијата потенцираат дека и следната година планираат да продолжат со спроведување на донации на опрема и едукации, каде што ќе бидат презентирани новитетите и последните технологии од електрониката. Но, воедно, ќе бидат презентирани и проектите коишто учениците ги реализирале преку донираната опрема.

Уредите ARDUINO UNO на подарок ги добија вкупно седум училишта низ Македонија: во Скопје, Кочани, Крива Паланка, Велес, Битола, Прилеп и во Куманово. ARDUINO UNO учениците ги води низ основите за користење на микроконтролерите од развојната платформа, преку практична работа на изработка на креативни проекти. Достапноста на уредот ќе биде од голема полза за учениците да ја почувствуваат поврзаноста на сензорите и управувањето со уредите во секојдневието.

Логинг Електроникс е присутен на македонскиот пазар уште од 1997 година и е еден од лидерите во сферата на електрониката и техологијата. Согласно со општествено-одговорните политики на компанијата, Логинг нуди бесплатни консултации, обуки и совети за правилно и полесно користење на технолошки нови или специфични производи од сопствената понуда, како и бесплатни практични решенија за нивна примена во секојдневието.

 

Последни вести
27.11.2018
Завршни активности од акцијата на Логинг Електроникс – “Технологија за тебе...

МИКРОПРОЦЕСОРСКИ СИСТЕМИ НА ПОДАРОК ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД “НАЦЕ БУЃОНИ ...

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2018 Loging Electronics. All rights reserved.