Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

3-ет Вовед во Термовизија - стручен семинар

Хотел Queen’s, 07.03.2019 10:46:29

Третото издание на семинарот Вовед во Термовизија е успешно реализирано на 21.02.2019 во хотелот Queen’s. И овој пат вкупно 10 технички лица од индустријата имаа прилика да се запознаат со основите на една од најупотребуваните мерни техники за предиктивно и превентивно одржување.

Материјалот кој стандардно го обработуваме на настанот е универзален и применлив на сите апликации за термовизија, а негови делови се превземени од најпрестижните академии за обука за термографери.

Согласно нашата заложба за континуирано надградување на настанот, како и предлозите добиени од анкетното ливче од претходните настани, овој пат воведовме и демонстрација на мерење со термовизиска камера. Целта на овој практичен дел беше да се видат граничните услови за употреба на термовизијата, посебно во апликациите каде треба да се набљудуваат метали со ниска емисивност. Притоа, беа презентирани и техники за подобрување на точноста на мерењето во вакви услови. 

Се заблагодаруваме на сите присутни на семинарот, особено и за нивната помош истиот да го направиме подобар.

Воедно најавуваме дека од следната година планираме воведување на специјализирани настани за термовизија, каде потесно ќе се обработуваат одредени апликации, како на пр. индустрија, градежништво, процесна термовизија и сл.

 

Контакт: Златко Николовски
e-mail:mo@loging.mk
тел. 02 3127 345
Во продолжение погледнете ја галеријата од целиот настан:

Последни вести
14.06.2019
2-ра "Развојни Микропроцесорски Системи" - работилница (во рамките на проек...

Во рамките на проектот ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ТЕБЕ, започнат во 2018год и орг ...

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2019 Loging Electronics. All rights reserved.