Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Практично-Показна Работилница: ВОВЕД во ВИБРАЦИИ

Скопје, 14.05.2019 12:38:05

ВОВЕД во ВИБРАЦИИ

 Мерења и Дијагностика

За кого е наменета работилницата?

  • Индустриски компании кои поседуваат значителен моторен парк
  • Служби за машинско и/или електроодржување во индустријата
  • Фирми кои вршат сервис и одржување на мотори и други вртливи машини
  • Специјализирани фирми за испитување на вибрации
  • Технички лица кои сакаат да ги прошират знаењата за оваа област

Начин на реализација?

 

Работилницата Вовед во Вибрации е резултат на потребите согледани од нашиот технички тим, за време на стручни посети, дискусии  со стручни лица од индустриските капацитети кај нас. Основната идеја која не’ водеше при нејзина организација е да ги обезбедиме и обединиме основните аспекти за изведување на мерењата на вибрациите, со цел да се дојде до употреблив резултат за состојбата на одредена машина (eng condition monitoring).

 

Работилницата има едукативен карактер со практично показен предзнак и ќе биде модерирана од стручно техничко лице од регионалниот дистрибутер на производителот  Adash - фирмата NorthPoint од Србија, која е тесно специјализирана за изведување на мерења и вибродијагностика, а воедно е наш долгогодишен партнер на ова подрачје.


Поделенa е во 3 дела:

 
 

Дел 1: Општо за вибрациите, типови вибрации, мерни големини и параметри со кои се опишуваат, терминологија и сл.

Дел 2: Вибрациите во процесите на одржување, класификација на машините, стандарди за евалуација на вибрациите, мерење на вибрациите

Дел 3: Практична демонстрација на мерења и дијагностика на вртлива машина, мерење со прирачен уред, мерење во реално време со систем за мониторинг на вибрации

 

Која е целта на работилницата која Логинг Електроникс ја нуди во соработка со Adash?

  • Да се обезбедат и обединат  основните аспекти за изведување на мерењата на вибрациите на едно место,  со цел да се дојде до употреблив резултат за состојбата на одредена машина преку изведување на мерењето(eng condition monitoring).
  • Добивање на корисни информации и препораки преку отворена дискусија за употребата на вибрациите

Ваши придобивки:

  • Можност на едно место да се добијат информации за вибрациите, нивното мерење, директивите за евалуација, мерната техника
  • Практично преку мерење да се разберат и протолкуваат типичните аномалии од кои потекнуваат вибрациите
  • Да се испробаат (hands-on) репрезентативни мерни уреди на демонтрациска вртлива машина
  • Директен контакт со стручни и технички лица за проблематиката
  • Секој учесник по завршување на работилницата ќе добие сертификат за учество и материјали од истиот

На кои прашања се дава одговор:

  • Како се дефинираат основните големини со кои се определува вибрацијата?
  • Што се хармоници и како тие придонесуваат во толкувањето на проблемот?
  • Кои се надополнуваат временската и фреквентната анализа на вибрациите при опред
  • елување на потеклото?
  • Што значи “значителен трет хармоник” во спектарот на вибрациите?
  • Какво е значењето на мониторингот на вибрациите во предиктивното одржување покрај другите мерни дисциплини за испитување на состојбата на машината  (на пр. Ултразвучно мерење, термовизија и сл)?
  • Што пропишува стандардот ISO10816, а што ISO2372?
  • Како се воспоставува систематско мерење на вибрациите?
  • Како настануваат резонантните вибрации?
  • Кои режими на работа ги има еден вибродијагностички анализатор и што може тој да направи за Вас?
  • Како се детектира вибрација која потекнува од  непорамнетост на оските?
  • Кој се прифатливи вредности за вибрациите за еден лагер?
  • Што може дополнително да направи мерењето на вибрации во реално време?
  • Како се избира мерната точка?

Кога е отворена можноста за реализација и начин на пријавување?

  • Работилницата има практично-показен карактер со времетраење од  околу  5 часа и обезбедени материјали за секој учесник
  • Терминот за одржување на работилницата е Среда, 12.06.2019 година
  • Котизација за учество на работилницата е  6300 ден. + ДДВ / учесник
  • Бројот на учесници е ограничен (10-15) и прво пријавените, имаат предност
  • За учество на семинарот, пополнете ја пријавата на следниот линк, најдоцна до 10.06.2019, а ние ќе ве исконтактираме
  • Програмата за настанов е на следниов линк

*За дополнителни информации контактирајте не на: mo@loging.mk тел. 02 3127 345 лок.4

 

 

 

 

 

 

Последни вести
14.05.2019
Практично-Показна Работилница: ВОВЕД во ВИБРАЦИИ

Мерења и Дијагностика

...
Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2019 Loging Electronics. All rights reserved.