Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

2-ра "Развојни Микропроцесорски Системи" - работилница (во рамките на проектот Технологија за Тебе)

Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје, 14.06.2019 10:44:07

Во рамките на проектот ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ТЕБЕ, започнат во 2018год и организиран од ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС, на 13.06.2019,  на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ одржавме уште една успешна едукативна работилница на тема „Развојни микропроцесорски системи“. 

Во соработка со производителите MIKROELEKTRONIKA, ARDUINO и RASPBERRY, продолжува нашата мисија на подигнување на свеста за употреба на новите технологии во секојдневието и посебно значајно за нас, обликување на младите умови во насока на креативно размислување и свесност за неограниченоста на нивниот личен потенцијал.

Како и претходно, на работилницата беа презентирани современите архитектури и новите платформи од областа на микрокопроцесорските системи, каде учениците се претставија со нивните оригинални примери и современи практични вежби од тековната учебна година.

Темите кои ги обработивме беа:

  • Достапност на најновите платформи и додатоци
  • Нови идеи и теми за следната учебна година
  • Сигурност дека овој проект е пренесен јасно и разбирливо до самите ученици и професори
  • Преглед на новитети кај познатите развојни платформи:
    • Развојни системи ARDUINO
    • Развојни системи МIKROELEKTRONIKA
    • Развојни системи RASPBERRY Pi
    • Едукaтивни комплети за самоградба Velleman
  • Нови развојни платформи и архитектури:
    • Развојни системи ST Nucleo
    • Развојни системи MicroBit

Училиштата лани што покажаа иницијатива а потоа и добиjа опрема, на овогодинешнава работилница имаа свои претставници, вкупно 50:

  Училиште Град Професори Ученици
1 СУГС "Владо Тасевски" Скопје 6 5
2 СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп 4  
3 СОУ „Ѓошо Викентиев“ Кочани 7 1
4 СОТУ "Ѓорѓи Наумов" Битола 2 1
5 ОСТУ,,Наце Буѓони" Куманово 4 3
6 ССОУ "Коле Неделковски" Велес 2 3
7 СОУ Ѓорче Петров Крива Паланка 2 2
8 СЕТУ Михајло Пупин Скопје 3 2
9 ФЕИТ Скопје 3  

 

Нашата цел оваа година беше да се провери степенот на имплементација на донираните платформи и опрема од 2018 год. и секако да воспоставиме нови чекори, нови скалила за континуирано унапредување на младите технички генерации во Македонија, сето ова низ призма на напредокот на нашата мисија.

Успешната реализација на уште една едукативна работилница ни претставува спознание дека чекориме по вистинскиот пат, дека овие ученици се темелник и идни носители на нашето модерно општество.

Ова е повеќе од доволен мотив за нас да продолжиме да придонесуваме во обликување на иднината на овие деца и да изградиме квалитетни единки кои ќе бидат успешен дел од нашето општество!

Младите се нашата иднина и на наше огромно задоволство можевме да потврдиме дека имаме пред нас генерации кои имаат во себе огромен ентузијазам и желба да го прикажат својот потенцијал низ идеи и реализации, што нас ни дава поттик да го продолжиме проектот ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ТЕБЕ.
 

Последни вести
14.06.2019
2-ра "Развојни Микропроцесорски Системи" - работилница (во рамките на проек...

Во рамките на проектот ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ТЕБЕ, започнат во 2018год и орг ...

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2019 Loging Electronics. All rights reserved.