Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Практично - показна JANITZA работилница

Скопје, 24.09.2019 11:49:57

ПРАКТИЧНО - ПОКАЗНА JANITZA РАБОТИЛНИЦА

Уреди за мерење и софтвер

 

За кого е наменета работилницата?

  • Индустриски компании кои поседуваат преинсталиран систем за енергетски менаџмент од Janitza
  • Засегнати компании и лица од областа на енергетски менаџмент
  • Технички лица кои сакаат да ги прошират знаењата за оваа област

Начин на реализација?

Практично показната работилница е резултат на потребите согледани од нашиот технички тим, за време на стручни посети, дискусии  со стручни лица од индустриските капацитети кај нас. Основната идеја која не’ водеше при нејзина организација е да се прошират познавањата најпрво за преинсталираните системи во насока на нивна што поголема искористенот.

Работилницата има едукативен карактер со практично показен предзнак и ќе биде модерирана од стручно техничко лице, кое е потесно специјализирано за опремата и решенијата на Janitza.

 

Работилницата е организирана во 3 дела:

Дел 1: Преглед на уредите за мерење на потрошувачка, квалитет на електрична енергија, струја на истекување. Основни функционалности, карактеристики.

Дел 2: Софтверот GridVis, основни функционалности. Разгледување на поедиечните верзии, администрација.

Дел 3:   Напредни функционалости на софтверот GridVis – користење на алатките и последните верзии на софтверот

Која е целта на работилницата која Логинг Електроникс ја нуди во соработка со Janitza?

  • Да се  подобрат познавањата за Janitza решенијата за енергетски
    менаџмент
  • Да се даде можност за практична примена на напредните и помалку познати функционалности на GridVis и мерните уреди
  • Добивање на корисни информации и препораки преку отворена дискусија за користењето на решенијата

Ваши придобивки:

  • Можност за запознавање со мер ната опрема и софтверот на Janitza
  • Надградба на познавањата на софтверот со понапредни функционалности
  • Консултации од прва рака за решенијата
  • Добивање информации за новитетите кај мерните уреди и софтверската апликација GridVis
  • Директен контакт со стручни и технички лица за проблематиката
  • Секој учесник по завршување на работилницата ќе добие сертификат за учество

На кои прашања се дава одговор:

  • Што е разлика помеѓу броило, мултиметар и анализатор?
  • Кој е оптимален уред за секоја мерна точка и како близината на трансформаторот влијае на тоа?
  • Како се инсталираат апликациите на Web Интерфејсот на
    BlacFin уредите и како се управуваат?
  • Како изгледа една Jasic програма? Како се програмира уредот и како изгледа еден настан (на пр. аларм на појава на поднапон)
  • На кој начин се поставуваат графици и како се уредува еден тополошки приказ
  • Која верзија на GridVis се користи за интеграција на уреди од други производители?
  • Што може дополнително да направи Ultimate верзијата?
  • Како работи Time Management при поставување на тарифи на потрошувачка

Кога е отворена можноста за реализација и начин на пријавување?

  • Работилницата има практично-показен карактер со времетраење од  околу  5 часа и обезбедени материјали за секој учесник
  • Терминот за одржување на работилницата е Среда, 9 октомври 2019 година
  • За оваа стручна работилница е предвидена котизација за учество во висина од  2300 ден. + ДДВ по учесник
  • Бројот на учесници е ограничен, доколку истиот е пополнет, ќе Ве исконтактираме во првата следна прилика на организирање на ваков настан (прво пријавените, имаат предност)
  • За учество на семинарот, пополнете ја пријавата на следниот линк, најдоцна до  06.10.2019, а ние ќе ве исконтактираме
  • Програмата за настанов е на следниов линк

 

*За дополнителни информации контактирајте не на: mo@loging.mk тел. 02 3127 345 лок.4

 

Последни вести
04.12.2019
2ра забавна и едукативна работилница за најмладите - „УЧИМЕ ДА ЛЕМИМЕ“

Повторно во LOGING ELECTRONICS -  оваа Сабота на 07.12 организираме б ...

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2019 Loging Electronics. All rights reserved.