Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Четврто, изменето издание на еднодневниот стручен семинар: "ВОВЕД во ТЕРМОВИЗИЈА – практичен осврт"

Skopje, 17.02.2020 11:12:05

Следејќи ги искуствата од претходно одржаните 3 семинари со овој работен наслов, го најавуваме неговото четврто, изменето издание. Новитет на семинарот ќе биде дополнителното нагласување на практичната нота на проблематиката што е во согласност со заклучоците речиси од сите изданија претходно.

За кого е наменета можноста?

Технички лица кои имаат основни практични искуства од користење на термовизиска камера за најразлични потреби: индустриско оддржување, дијагностика на згради и објекти, процесни мерења и сл., и имаат потреба од проширување на знаењата за оваа проблематика.

Начин на реализација?

- Настанот е модериран од стручно, обучено и сертифицирано лице од Логинг Електроникс во текот на еден работен ден. Содржината е подготвена според меѓународните интензивни програми за обука на термографери и е прилагодена на техничко ниво на почетен и/или стандарден корисник на термовизија.

 

Вкупно 6 модули ја сочинуваат агендата:

  • Модул 1: Вовед во инфрацрвена термометрија
  • Модул 2: Пренос на топлина. Радијација.
  • Модул 3: Техники за анализа на термовизиските слики
  • Модул 4: Квалитативна и квантитативна инспекција
  • Модул 5: Термовизиска камера
  • Модул 6: Практична примена на термовизијата. Демонстрација на гранични случаи

 

Која е целта на можноста која ја нуди Логинг Електроникс?

Проширување на знаењата за термовизија за ЧЕКОР ПОНАПРЕД од основниот Point & Shoot концепт.
Добивање на корисни информации и препораки преку отворена дискусија за употребата на термовизијата.

Ваши придобивки:

  • Намалување на времето за анализа  и дијагностика  со користење на термовизија (подобрување на ефикасноста);
  • Проценка за влијанието на сите фактори кон точноста на термовизиската слика;
  • Пронаоѓање нови апликации кои може да се испитуваат со термовизија;
  • Подесување на перформансите на термовизиската камера кон одредена апликација;
  • Секој учесник по завршување на семинарот ќе добие сертификат  за учество на семинарот следлив до меѓународните програми за обука, преку компетентноста на обучувачот. Учесниците ќе ги добијат и материјалите од истиот.

 

На кои прашања се дава одговор?

  • На кои природни својства на материјалите се базира IR термометријата?
  • Што практично претставува поимот емисивност?
  • Што треба да знаете при снимање на термовизиска слика?
  • Како се користи изотерма и колор аларм?
  • Дали и колку некоја термовизиска камера може да се користи за одредена потреба?
  • Што е позадинска температура?
  • Различни материјали загреани на иста температура, термовизиската камера ќе покаже различни температури, зошто?
  • Како се компензира сончевата радијација на термовизиската слика?
  • Како може да се мери температура на рефлексивни тела (со сјајна површина)?

 

Кога е отворена можноста за реализација и начин на пријавување?

  • Логинг Електроникс организира ваква обука на 05.03.2020  (четврток).
  • За учество на семинарот, пополнете ја пријавата на следниот линк, најдоцна до 03.03.2020, а ние ќе ве исконтактираме.
  • Котизацијата за настанот изнесува 14,550.oo ден + ДДВ за едно лице.
  • Заради квалитетна реализација на практичниот дел бројот на учесници е ограничен на 10 лица.
  • Доколку местата се веќе пополнети, ќе ве исконтактираме во првата наредна прилика на организација на овој настан (по редослед прво пријавените, имаат предност).
  • Програмата за настанов е на следниов линк.
Последни вести
17.03.2020
Реализирано четвртото издание на стручниот семинар ”Вовед во Термовизија”

Традиционалното, четврто по ред издание на семинарот “Вовед во Термов ...

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2020 Loging Electronics. All rights reserved.