Традиционалното, четврто по ред издание на семинарот “Вовед во Термовизија” е успешно реализирано на 05.03.2020 во хотелот Queen’s. Вкупно 10 технички лица од индустрискиот и едно техничко лице од ЕДУ секторот ја имаа приликата да го проследат овогодинешното издание, во кое направивме неколку измени.
Најпрво, значително ја променивме работната агенда, при што теоретскиот вовед го скративме на поднослив минимум. На сметка на тоа, се отвори можноста подетално да се обработат граничните услови на примена на термовизијата, но и да се покажат нови апликации со термовизија.
Втората, уште поважна промена е подобрената практична работа на семинарот. Најдовме начин значително да го олесниме демонстрирањето на некои интересни ситуации со употреба на стационарни термовизиски камери. На овој начин, со приказ на термовизиска слика во реално време и веќе подготвените алатки за демонстрација, ги прикажавме “школските” гранични примери, кои воедно се и дел од практики на светските едукативни академии за термовизија.
Веруваме дека со наведениве подобрувања директно влијаеме на квалитетот на овој интересен настан, што на крајот го добивме како потврда од изведената мини-анкета на крајот од настанот.
Согласно останатите предлози и заклучоци од мини-анкетата, со задоволство ќе продолжиме да го одржуваме овој настан. Воедно, најавуваме и воведување на специјализирани настани за термовизија, каде потесно ќе се обработуваат одредени апликации, како на пример, индустрија, градежништво, процесна термовизија и слично.
Контакт: Златко Николовски
e-mail:mo@loging.mk
тел. 02 3127 345
Во продолжение, можете да ја погледнете галеријата од целиот настан: