Серијата 4000 претставува фамилија на интегрирани кола кои имплементираат различни логички функции користејќи CMOS (Complementary Metal–Oxide–Semiconductor) технологија и сеуште се користат.
Елементите од серијата 4000 ја имаат предноста во помала потрошувачка на енергија, поголем опсег на работни напони (3V до 15V), и поедноставен дизајн на колото поради значително зголемениот фактор на разгранување (fanout).
Сепак нивната помала брзина (околу 1MHz, споредено со 10MHz на биполарните TTL кола) ги ограничува нивните апликации на статички или дизајни со мали брзини.