Почитувани корисници Ви благодариме за посетата на нашата веб страна.
Ви ја приложуваме политиката за враќање на производи со која се уредува Вашето право за рекламација на производи.
Следнава Политика за враќање на производи се однесува за веб страната на ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС ДОО, Скопје, www.loging.mk. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени, а се појавува на дното од веб страната.
Целокупната продажба извршена преку оваа интернет страна е во согласност со “политиката за враќање“ на производи на Логинг Електроникс. Корисникот може да враќа производи во Логинг Електроникс и да добие рефундирање на средства, под следните услови:
-
Со цел да се избегнат било какви компликации и недоразбирања, производот купен од нашата електронска продавница не смее да се врати без претходно да не известите на: [email protected]. Откако ќе бидеме известени, ќе се погрижиме процедурата за враќање на производот да започне правилно и производот да биде заменет или да се овозможи делумно/целосно враќање на средствата. Без претходно известување до нашиот комерцијалист, не превземаме обврска за замена на производот или враќање на средствата и Вие самите ги превземате трошоците настанати во целиот тој процес.
-
Враќање на производ е дозволено исклучиво доколку производот е неоштетен и е во неговото оригинално пакување заедно со сите додатоци во рок од 14 дена од денот на купопродажбата за целосно да бидат вратени средствата. Производот мора да биде вратен во Логинг Електроникс лично или по пошта во соодветно пакување и со оргиналната фискална сметка или фактура испратени на адреса:
Логинг Електроникс д.о.o. ул. Народен Фронт 19а/1/6,
1000 Скопје, Република Македонија
-
Корисникот мора да ги следи сите поединечни специфични инструкции дадени од Логинг Електроникс во врска со ракувањето на производот и неговото враќање во Логинг Електроникс. Сите трошоци околу испораката ги покрива корисникот.
-
За производите вратени во согласност со условите наведени во потточките 1 - 2 корисникот е должен да ја плати поштарината и трошоците од банкарската провизија, остатокот од средствата ќе бидат рефундирани на сметката од Вашата кредитна/дебитна картичка. Времето за поврат и увид на средствата на Вашата сметка е непосредно детерминирано од индивидуалната политиката на Банката.
-
Во случај на враќање на производ во Логинг Електроникс кое не е во согласност со условите наведени во потточките 1 -2 , (на пример подоцна од 15 дена од датумот на купопродажба, во состојба различна од оригиналната, без фискална сметка или фактура или во неиспрaвна состојба), Логинг Електроникс ќе го одбие враќањето на производот и ќе го врати истиот кај корисникот, при што корисникот ќе ги сноси сите трошоци за враќањето и испораката.
“Политиката на враќање” на Логинг Електроникс исклучува враќање на софтвер, калибрирани производи, полупроводнички елементи и специјално произведени производи во Логинг Електроникс по нарачка на корисникот. Логинг Електроникс не превзема никаква одговорност за било какво оштетување или загуба при транзитот на производите од корисникот до Логинг Електроникс или за било кој друг предмет кој ќе пристигне со производот.
ДОКОЛКУ имате прашања во врска со враќањето на производи контактирајте не користејќи ја Онлајн Контакт Формата.
Сите промени во Политиката за враќање на производи ќе бидат навремено објавени на веб страната. Може да ги најдете во секое време на она место на веб-страната кое мислиме дека ќе биде најсоодветно.
Ве молиме прочитајте го и следете го овој документ, а Ние гарантираме безбедност и едноставна трансакција.