Поради годишни одмори, работно време на продавниците во август е од 09:00-17:00


Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Макстил АД, Скопје

Скопје, 27.06.2022 14:57:42

 


Информации за проектот

Проект:

Систем за безжична комуникација со четири кранови, аквизиција на податоци од систем за мерење тежина на три ваги со крановите

Компанија:

Макстил АД Скопје

Проект Менаџер:

Драган Мијалковски

Сегмент:

Метална индустрија

Опис на проектот:

Решението има за цел да воведе безжична комуникација со четири кранови за товарење на старо железо во погон Челичана, визуелен приказ во крановите за содржината и измерената тежината од ваги за мерење тежина и интеракција на кранистите со операторот на производниот процес во реално време.

Техничкото решение се состои од 3 дела:

- индустриска безжична комуникација на четири кранови во надворешна средина, подложна на променливи електромагнетни полиња од електролачна печка

- систем за прибирање на податоците за тежината на старо железо од три ваги

- софтверски модул за визуелно претставување на содржината и тежината кај кранистите, интеракција помеѓу кранистите и операторот на производство од оперативната кабина во реално време

Техничкото решение обезбедува информација од операторот до кранистите за потребната тежина и типот на старото железо кое треба да го полнат во корпата од вагата како и информација за кранистите со моменталната содржина и тежина на корпата која се полни во моментот.


Инсталирана опрема

Системот се базира на опрема наменета за работа во индустрија во екстремно тешки услови на работа вклучително и променливи електромагнетни полиња.

 

Безжичната мрежа е изведена со софистицирана опрема со IP68 заштита и “Dual radio” индустриска технологија која работи на 2 независни канали. Оваа технологија обезбедува комуникација и во најтешки услови на работа, ако поради интерференција едниот линк падне другиот продолжува со работа и пренос на податоци. Уредите се наменети за непречена работа во надворешни услови: изложеност на сонце, вода, прав, магнетна прашина, температурни осцилации, вибрации.

 

Индустриските компјутери предвидени за во крановите имаат дисплеј со дијагонала од 12”, чувствителен на допир, во “Heavy Duty” изведба, изработени од метално куќиште наменети за работа во услови на голема прашина, температурни промени а тестирани на вибрации до 2G

 

Индустрискиот компјутер остава можности за инсталација и доработка на дополнителни софтверски функционалности и понатамошен развој согласно потребите на Макстил.

 

Автономија во напојувањето на безжичната мрежа и компјутерите во крановите во траење од 10мин, заштита од нестабилност на системот при краткотрајни прекини во напојувањето и од пренапони.

 

Комуникација во реално време со сите потребни информации на едно место.

 

Придобивки од проектот

Транспарентна и брза комуникацијата помеѓу операторот на производство и кранистите а со тоа и намалување на можноста за грешки, прибирање на клучните податоци во еден софтверски модул од каде може да се врши тековна контрола на квалитетот,  оптимизација на процесот, штедење на време и човечки ресурси, зголемување на ефикасноста на производниот процес.

Со проектот се имплементирани предуслови за автоматизација и оптимизација на производните процеси во погонот.

 

 

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2021 Loging Electronics. All rights reserved.