Шотки (Schottky) диода претставува полупроводничка диода со мал пад на напон во директна насока и многу голема брзина на прекинување.
Метал-полупроводник спојот е формиран помеѓу соодветен метал и полупроводник формирајќи шотки бариера (наспроти спојот полупроводник-полупроводник кај конвенционалните диоди). Типични метали кои се користат се молибден, платина, хром или волфрам, и одредени силикати како на пр. паладиум силикат или платина силикат; а полупроводникот типично е N-тип силициум. Металната страна се однесува како анода додека N-тип полупроводничката страна се однесува како катода на диодата. Оваа шотки барира резултира со многу брзо прекинување и многу мал пад на напон. Нормална силициумска диода има пад на напон од околу 0.6–1.7V, додека шотки диодата има пад на напон од околу 0.15–0.45V.