Работа

Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Работа во ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС

Имаме голема енергија, знаење, вештини. Сакаме секојдневно да учиме и напредуваме преку напорна и чесна работа, посветени сме на деловните активности. Применуваме западни методи и принципи на работење.

Не поврзува желбата за деловен успех и континуиран развој, заеднички да го градиме успехот со корисниците и деловните партнери како и да бидеме максимално успешни во пронаоѓањето оптимални решенија, да бидеме корисни за семејството и општеството.

Вработените во Логинг Електроникс.

 

I. ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА РАБОТА

Шест чекори за да се вработите: 

1. Потенцијалниот кандидат доставува пријава за работа

Пријавата за работа може да се прати на следните начини:

  • со пополнување на електронскиот формулар на сајтот на Логинг Електроникс;
  • преку е-пошта на адресата: [email protected];
  • преку пошта на ул. Народен Фронт 19а/1/6, 1000 Скопје, со нагласување за вработување.

*Го препорачуваме првиот начин на пријавување.
Во другите два случаи вашата пријава за работа треба да содржи молба за прием на работа и  CV. Покрај овие два документи корисно е да доставите и пропратни документи како сертфикати, уверенија и копија од возачка дозволa.

Вашата пријава за работа ја сместуваме во нашиот регистер на пријави.
 

2. Избор на кандидати од пристигнатите пријави

Генералниот менаџер или менаџерот на сектор ги проверува внимателно сите пристигнати пријави за работа. Врз основа на пријавите и Вашите CV-а, менаџерот ги одбира 10-те најсоодветни кандидати (овде е важно да имате што подобра пријава и CV).

3. Договараме средба со кандидатот за запознавање и
понатамошни тестирања

Ве контактираме заради одржување на средба на која заемно ќе се запознаеме и ќе изведеме неколку тестирања. Овие тестирања се однесуваат на општи познавања на вештините, искуството и знаењето за соодветното работното место (целта е да се види Вашето ниво за аплицираното работно место). Врз основа на тестирањата ги одбираме најсоодветните 5-6 кандидати со кои закажуваме разговори.

4. Одлука

После завршување на разговорите, ќе имате на располагање неколку дена да размислите. Очекуваме после тоа да ни пратите краток e-mail со впечатоци од разговорот и Ваша одлука (не е битно само дали Вие ни одговарате, битно е дали и ние Вам ви одговараме).

5. Почеток со работа

Ако сте избрани да почнете со работа, Ви се доделува колега кој ќе Ви помага да се вклопите и Вашата работа почнува (пријавени сте на месец дена, ова е Ваш прв почетен договор).

6. Гласање

После месец дена, директорот поставува едно прашање на колегите од секторот “Дали новиот колега ја зголемува платата на останатите во секторот?” Ако има повеќе одговори со “да” добивате договор на 3 месеци. После 3 месеци директорот го поставува истото прашање, ако повеќето одговори се “да”, вработени сте на неопределено.

*Како што можете да видите, за Вас одлучуваат колегите со кои работите а не директорот или шефот. Мислиме дека е  тоа фер спрема Вас и спрема колегите со кои работите. Утре Вие кога ќе одлучувате за некој нов колега ќе Ви биде мило дека крај себе имате некој кој вреди и тоа го заслужил, а не некој кого шефот или директорот Ви го наметнал.

Пополни пријава сега!

 

II. КАКВИ ЛУЃЕ НИ ТРЕБААТ

Неточно би било ако се ограничиме со изјавата дека ни одговара само еден тип на луѓе и тоа направени по наш примерок. Ние ги цениме различностите и слободата на личноста, затоа што тоа во голема мерка не збогатува како поединци.   Различностите се основа за напредување на луѓето и изнаоѓање на конструктивни решенија, но сепак постојат одреден број на особини кои очекуваме да ги сретнеме кај секого од нас во Логинг Електроникс:

  • Да бидете способни да го доведете во прашање она што ве научиле и да можете да
    размислувате надвор од тие граници;
  • Да знаете да прифатите критика;
  • Да имате способност на конструктивно разговарање за проблемите и конфликтите. Да
    бидете способни да дадете предлог решение ако веќе критикувате;
  • Би било добро ако во неуспех сте свесни за поуката и искуството. Ова е одличен начин
    за напредување на секое поле;
  • Не треба да правите иста грешка повеќе од два пати;
  • Да бидете спремни да превземете иницијатива;
  • Да имате професионален пристап кон работните обврски;
  • Почитувајте договорени рокови на завршување на работни обврски;
  • По природа да немате одбивност или мрзливост кон континуирано учење;
  • Да го знаете Англискиот јазик, дел е од нашето секојдневие;
  • Почитувајте ги колегите;
  • Да знаете да најдете радост во тоа што го работите, а ако не ја наоѓате потребно е навреме да ни кажете;
  • Би требало да бидете ослободени од предрасуди;
  • На нетолерантните луѓе не им е место во Логинг Електроникс. Немаме разбирање за предрасуди кои се однесуваат на раса, националност, сексуална ориентација, физички изглед, политичка ориентираност;

 

III. КАКО ДА ЈА ПОПОЛНИТЕ ПРИЈАВАТА И НАПИШЕТЕ CV

Искуството ни кажува дека недостатокот на информации е нешто што најчесто се јавува во вашите апликации, што е одлика на типизираните CV-a. Со нив сигурно нема да имате предност за да се најдете во 10-те најсоодветни кандидати. Наши предлози, примери:

  • Образование, не е исто дали сте имале 10-ка од овој или оној предмет, не ни е потребен цел список, задржете се на предметите кои се предмет на интерес за вашата пријава. Дајте ни информација за тоа кој предметот најповеќе сте го сакале и зашто, кој професор ви оставил најголем впечаток, ова се информации кои и тоа како може да ви помогнат на вашето вработување. Оставете ни контакт информации од професорот, e-mail, телефон за да можеме директно да се распрашаме за вас. Наведете го и вашиот просек на отцените.
  • Јазик, чудно е во денешно време да се заврши образование а знаењето на Англискиот јазик да биде на такво ниво за потребата при превод да се завршува само со GoogleTranslate. Искрено, не ни требате за да користите GoogleTranslate, ни треба тоа што вие го имате научено да го користите при превод а речникот да ви биде само помош. Дајте ни информации за брзината со која го користите јазикот, на пр. можете да зборувате течно, слабо зборувате а граматиката ви е добра или зборувате добро ама имате мал фонт на зборови... Секако ќе го дознаеме вашето ниво на Англискиот јазик но препорачуваме да бидете искрени да заштедиме на време, сигурно нема да дозволиме лош текст да излезе во јавност. Ако имате некои други квалитети тоа што не го знаете јазикот доволно може да се искомпензира.
  • Ако спомнувате оперативен систем на компјутери, пр. Windows кажете конкретно што знаете на пр. да го инсталирате, мрежа да конфигурирате, принтер да инсталирате... напишете се што ќе ви падне на памет.
  • Ако спомнувате MS Office, напишете ги сите програми од тој пакет кој ги знаете. На пр. MS Word: отворање на документ, маргини на страна, принтер, внес на слики, отварање табела, внесување на Header/Footer, Paragraph сетинзи...; MS Office: внесување редици/колони, маргини на страна,  conditional formatting што од тоа, работа со формули, графикони, филтрирање на податоци...; исто и за останатите програми.
  • Ако спомнувате “web design, developer…”,  бидете конкретни на што точно сте работеле (список е задолжителен),  што конкретно знаете, на каква функционалност, направете разграничување во термините што ги користите владеење и познавање. Ако сте работеле на некој сајт, дајте ни линк конкретно кон модулот на кој вие сте работеле и опишете го детално алгоритамот, функционалноста...
  • Ако сте поправале или изработувале некој уред, бидете многу конкретни во процесот и пристапот што го имате во себе.
  • Ако спомнувате тимски играч, тоа е само збор, не останувајте на тоа, дајте некој пример каде тоа од ваша перспектива сте го примениле, уште повеќе ако може тоа некој да го потврди.
  • Не ги избегнувајте деталите за себе, вашето хоби, желби многу кажуваат за вас, што многу често може да биде пресудно.


Целта на сите овие дополнителни информации е кандидатот што ќе почне да работи во Логинг Електроникс да биде што е можно повеќе среќен во околината и работата за која се пријавил и е избран. Ако некои информации не се дадат од ваша страна или директорот не се сетил да ве праша, знајте дека сигурно ќе излезат на површина. Само тогаш ќе бидеме на почеток и вие и ние, а време ќе помине, што не е цел на овој процес. Запрашајте се, кого вие  би викнале на разговор: кандидат со типизирана пријава или кандидат кој детално ќе се опише себеси?

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2022 Loging Electronics. All rights reserved.