GW INSTEK LCR-6200 е дигитален, лабораториски LCR метар за изведување на прецизни лабораториски мерења на индуктивност, капацитивност и отпорност. Поседува голем 3.5" LCD дисплеј во боја, со резолуција 320 x 240 пиксели кој нуди приказ на четири мерни параметри во исто време.
Карактеристики:
-
Фреквенција на тестирање: 10Hz~200kHz
-
Основна точност: 0.05%
-
Испитен напон во опсегот 10mV до 2V
-
Максимална брзина на мерење до 25ms
-
16 мерни параметри
-
PASS/FAIL карактеризација на мерењата
-
Истовремен испис на испитните параметри и измерените големини на дисплејот
-
Можност за снимање на слики
-
Вградена меморија за снимање на 10.000 мерни точки
-
Нагодување на брзината на мерниот процес: SLOW, MEDIUM, FAST
-
RS-232 и USB приклучоци
Комплетот содржи: инструмент, сонди за тестирање, CD со софтвер и упатство за користење.