Extech RHT20 - инструмент за логирање на температура и влажност, кој се одликува со робустно куќиште погодно за користење во нестандардни услови. Наменет е за користење во средини, како: складишта, замрзнувачи, комбиња за превоз, магацини и др. Инструментот поседува USB приклучок за поврзување со компјутер, а со користење на соодветниот софтвер (кој е вклучен со инструменот) се обработуваат резултатите. Големата меморија овозможува долготрајно логирање без пребришување на истата.
Карактеристики:
-
Температурен опсег: (-40 +70)˚C
-
Точност при температурни мерења: ±1˚C (-40 +10)˚C, ±2˚C за останатото подрачје
-
Релативна влажност: (0-100)%
-
Точност при мерења на влага: ±3%RH (20-40% и 60- 80%), ±5%RH (0-20% и 80-100%)
-
Резолуција темп./влага: 0.1˚C/0.1% RH
-
Мерење на точка на роса
-
USB интерфејс за едноставно нагодување на инструментот и пренесување на податоците на компјутер
-
Програмабилно време на земање на примероци: од 1 секунда до 24 часа
-
Кориснички програмабилни алармни нивоа за температура и рел. влажност
-
LCD дисплеј со приказ на моменталните вредности, мин/макс. и алармен статус
-
Меморирање на 16.000 температурни и 16.000 вредности на влага според кориснички програмираното време на земање примероци
-
Напојување: 3.6V литиумска батерија со долг век на траење
Комплетот содржи: батерија, држач за монтирање на ѕид со систем за заклучување соодветен софтвер за анализа