3.3V Voltage Regulator Board е мала плочка на која има вградено монолитно интегрирано коло MC34063A, кое ги содржи сите примарни функции потребни за DC/DC конвертори. Влезниот напон на плочката е 3.3V и истата го конвертира во стабилен напон од 5V-DC. Колото може да испорача околу 250mA максимум струја на излез, што е сосема доволно за сите мали електронски проекти. Компактна и евтина, оваа плочка е одлична за моменти кога ќе имате потреба за конверзија од 3.3V во 5V.
Карактеристики:
-
Интегиран "Step-Up Switching" регулатор MC34063A со заштита од куса врска
-
250mA максимална излезна струја
-
Влезни и излезни терминали со шрафови, за полесна конекција
-
Дупките за монтажа овозможуваат лесна интеграција во финален производ
-
Компактна и со мали димензии, лесна за користење
-
Нема потреба од лемење
-
Евтино и доверливо решение за "step-up" конверзија на напон
-
Плочката е јасно означена за полесна конекција