Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Трета работилница за развојни микропроцесорски системи во рамките на проектот „Технологија за тебе„

Скопје- ФЕИТ, 11.05.2022 10:46:12

Во заедничка организација со Факултетот за електротехника и информациски технологии на 09 и 10.05.2022 година во рамките на нашата програма за едукација ја реализиравме третата работилница за развојни микропроцесорски системи. На работилницата земаа учество 30-ученици и 28-професори од девет средни училишта за техничко образование од Македонија: СУГС Владо Тасевски, Скопје; СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка; СОТУ Ѓорѓи Наумов, Битола; ССОУ Коле Неделковски, Велес; СЕТУ Михајло Пупин, Скопје; ОСТУ Наце Буѓони, Куманово; СОУ Ристе Ристески Ричко, Прилеп; СОУ Ѓошо Викентиев, Кочани; СОСУ Илинден, Скопје; како и нашиот стручен  кадар заедно со професорите од ФЕИТ. Основната цел на работилницата е промоција на електротехниката и пружање техничка и професионална поддршка на учениците и професорите од средните стручни училишта во државата преку:
1. Достапност на најновите платформи и многубројните додатоци (модули и сензори) до сите ученици, млади технички генерации во Македонија
2. Зголемување на интересот за: стручниот предмет, наставник, училиште, образование
3. Иницијализација, за една убава патека и можност во животот на учениците
4. Логичен избор во понатамошното образование е нашиот факултет ФЕИТ

Работилницата на проектот „Технологија за тебе„ се состои од повеќе активности:
 стручни и научни предавања од повеќе актуелни области од електротехниката;
 натпревар од областа на развојни микропроцесорски системи;
 презентација на средношколските проекти од тековната година;
 информации за најновите практични технолошки достигнувања во полето на вградливите микрокомпјутерски системи.

Првит ден фокусот на предавањата беше поставен на концептот на отворено образование и примената на машинското учење и науката за податоци во средното стручно образование наменет за професорите. Истовремено учениците од сите училишта во тим по двајца се натпреваруваа во практична реализација на задача од развојните програмабилни системи. Вториот ден сите училишта кои се дел од проектов имава презентација на практичните лабораториски вежби кои ги имале во тек на учебната година со употреба на опремата донирана во 2019година.

На натпреварот за Развојни микропроцесорски системи учениците ги постигнава следните резултати:
 Прво место – СОТУ “Ѓорѓи Наумов” –Битола
 Второ место – ОСТУ,,Наце Буѓони” –Куманово
 Трето место – СОСУ “Илинден” -Скопје
Најдобра презентација на практични вежби со опремата која што им ја дониравме на училштата имаше ССОУ “Коле Неделковски” од Велес.

Оваа година, работилницава за развојни микропроцесорски системи ја реализиравме преку најновата лабораторија за производство на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ-ФАБЛАБ

„Со организирање на третава работилница, нашата мисија на подигнување на свеста за употреба на новите технологии во секојдневието и посебно значајно за нас, обликувањето на младите умови во насока на креативно размислување и свесност за неограниченоста на нивниот личен потенцијал продолжува. Како и порано така и сега сакаме во Македонија да им овозможиме на младите ентузијасти во електрониката и идните инженери да се едуцираат и да користат врвна опрема со помош на квалификувани ментори што има за цел личната сигурност кај учениците да ја дигне до ниво, дека ја владеат темава, дека можат се!”


Златко Крстевски
Директор


 

Линк до претходните работилници за развојни микропроцесорски системи:
Проектот “Технологија за Тебе”, објава 2018год.
Прва работилница 14.06.2018
Завршните активности во 2018
Втора работилница 14.06.2019
Завршните активности во 2019

Последни вести
17.05.2022
ПРАКТИЧНО - ПОКАЗНА JANITZA РАБОТИЛНИЦА бр. 2

... 3 (три) години подоцна.
Ново издание на стручно-специјали ...

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2021 Loging Electronics. All rights reserved.