Втората Практично-Показната работилница Janitza ја одржавме на 09 јуни 2022 година, во просториите на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии во Скопје. Годинава имавме 20 учесници од 15 компании.
Настанот беше организиран во вкупно 4 делови. Во првиот дел подетално го елабориравме главниот новитет во последнава година – новите верзии на софтверот GridVis (Essentials/Stanard/Expert). Беа покажани и начините за наградба од постарите верзии на GridVis, заедно со придобивките од користење на новите верзии. Притоа, демонстриравме и неколку функционалности како што се уредување на WEB интерфејсот, рачно внесување на податоци во апликацијата (DataInput), како и начинот на кој се управува во алатката KeyPerformanceIndicator (KPI).
Вториот дел имаше за цел да ги прикаже новитетите кај мерните уреди. Специјално за овој дел изработен беше показен панел на кои беа поставени и приклучени 10тина уреди на Janitza, а меѓу нив и новите модели. Колегата Златко Николовски ги прикажа можностите на модуларната платформа UMG801, како и новиот уред кој поседува MID сертификат (UMG96-PA-MID+). Целината се заокружи со претстаувањето на новиот Class S анализатор UMG96-PQ-L.
Мониторинг на квалитетот на електрична енергија е една од 3-те апликации кои ги покрива системското решение на Janitza. Па така, на овогодинешното издание решивме да направиме мал вовед во оваа проблематика. Ја имавме честа да ја проследиме презентацијата на нашиот долгогодишен соработник од оваа област, г. Илјас Илјази, во рамките на која присутните имаа прилика да слушнат за основите на која оваа област се темели. Најавивме тогаш и сега дека ќе се заложиме уште повеќе кон обезбедување на свежи и практични информации за квалитетот на електричната енергија.
Нашата работилница кулминира со ДЕЛ 4 со презентациите од компаниите кои го користат системското решение од Janitza. Притоа, присутните беа запознати со реални и практични искуства од употребата, идеи и можности за подобрување.
Следниве компании беа активни излагачи на работилницата:
- Месер Вардар Техногас, Дијана Петковска
- Маркарт, Стеван Босилков
- ХиТецх Корпоратион, Сашо Танасковиќ
- Адиент Аутомотиве, Аце Стојков
Им благодариме на сите учесници за активното искуство.
Веруваме дека имаме одлична заедничка тема за дискусија преку оваа работилница со Вас, почитувани колеги. Бидете сигурни дека Вашите предлози и критики се веќе земени во предвид за следното издание.
Линк за превземање на презентациита:
-

ДЕЛ 1 Софтверска апликација GridVis. Нови верзии.
-
ДЕЛ 2
Мерни уреди. Новитети.pdf)
- ДЕЛ 3 Квалитет на електрична енергија. Вовед, стандарди.