Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Стручен семинар- Напредни Технологии за Мониторинг и Решенија за Подобрување на КЕЕ

, 30.08.2022 11:50:17

Издание 2022

-Бесплатен стручен семинар-

Цел на настанот

Актуализирање на проблематиката тема во нашата држава и регионот, како една од основните одлики на современите електроенергетски системи.

Ќе биде претставен и надополнет новиот, иновативен и најсуптилен поглед кон квалитетот на електричната енергија преку технолошки најнапредните и најмоќните решенија во светот воопшто.

Начин на реализација

И овогодинешното издание предавачи/излагачи ќе бидат тесно-специјализирани технички лица во делот Мониторинг и делот Решенија од производителот ELSPEC од Израел, со долгогодишно искуство од проблематиката во светски размери.

Со обезбедување на информација од прва рака, императивот е да се направи пренос на знаењата на најефикасен начин, како што и е потребно за една софистицирана технологија.
Семинарот ќе биде еднодневен и ќе ги покрие следните два аспекти:

1. Мониторинг на квалитетот на електрична енергија

  • Новитети во областа: преглед на стандардите, мерната техника.

 

  • Предизвиците за изведување на мониторинг и анализа на КЕЕ во електроенергетските мрежи

 

  • Патентираниот концепт PQZIP–технолошко достигнување кое овозможува бескомпромисен пристап до сите параметри на мрежата снимени со ултра висока резолуција

 

  • Мониторинг со анализатори од серијата Blackbox кои снимаат “НАД” стандардот за квалитет на електрична енергија

 

  • Системски SCADA решенија за визуализација  и мониторинг на квалитетот, со висока резолуција базирани на PQZIP

 

  • Најновата технологија која доаѓа... претставување на новата генерација анализатори PURE Blackbox

 

  • Повеќенаменски рекордери на дефект (DFR) како комплетни решенија за мониторинг на мрежите, детекција и локализација на грешки

 

2.Решенија за подобрување на квалитетот на електричната енергија

  • Што е ново кај EQUALIZER и ACTIVAR најбрзите и најнапредни системи за компензација на реактивна енергија. Преглед на можностите и техничките карактеристики, употреба.

 

  • Решение за намалување на врвното оптоварување со употреба на софистицираните системи EQUALIZER ST

 

  • Решенија за супербрза компензација на реактансата на среден напон

 

  • Решенија за елиминирање/намалување на краткотрајни напонски длапки

 

  • Приказ на симулација на енергетскиот систем, пред и после имплементација на решението

 

 

Двете сесии на семинарот ќе бидат дополнително збогатени со претставување на референтни проекти на производителот ELSPEC од целиот свет, при што фокусот ќе остане на реализирана придобивка (предвидувана/симулирана и реално добиена).

 

Семинарот ќе има и изложбен карактер, каде ќе може да се:

- погледнат модели од сите серии на анализатори Blackbox (мобилни и преносни уреди),
- да се видат резултатите од реални изведени снимања, анализираат и продискутираат.

 

За кого е наменет семинарот:

  • Активните чинители во електростопанството: производство, пренос и дистрибуција
  •  Универзитети, факултети и други развојно истражувачки установи на полето на енергетиката
  • Инжинеринг компании од областа на енергетиката
  • Големи компании со значителен енергетски импакт во дистрибутивните мрежи
  • Компании чии значајни и критични производни процеси се во тесна корелација со квалитетот на електричната енергија

 

Ваши придобивки:

  • подобрување на Вашите знаења директно од Бренд за врвна технологија и решенија за квалитет на електричната енергија
  • препознавање и евалуација на резултатите од изведена анализа на квалитет на електрична енергија со најнапредни анализатори (BlackBoxHandsOn)
  • сознанија за предностите на супербрзите системи за компензација пред класичните во апликации со динамични промени
  • каков треба да биде современиот инжинерскиот приод при дизајн на решенија за подобрување на квалитет на електрична енергија:

снимање со висока резолуција како предуслов за изведување на симулација)
анализа на снимените параметри, согледување на решение за апликацијата
симулација на системот пред и после имплементација на решението
вклучена гаранција за заштеда

 

На кои прашања се дава одговор?

  • Како да се разреши ситуацијата за:
    (барање!) Комплетна слика за квалитетот?
    (проблем!) што повисока резолуција на семплирање на сите големини
    (проблем!) огромна меморија за складирање на податоците
    (проблем!) како да се управува со складираните информации?
  • Како работат рекордерите на дефекти во енергетските мрежи (DFR – DigitalFaultRecorder)
  • Како влијае усреднување на снимените големини врз евалуацијата и потребните извештаи
  • Каде класичните динамички компензации даваат обратен ефект?
  • Како работи супербрзата компензација за време на вклучување/исклучување помало од една периода (=3/4 периода)?
  • Што е потребно за исправно проектирање на систем за елиминирање на реактивната енергија и врвната моќност?
  • Како да се провери предложеното решение пред тоа воопшто да се испорача?

 

Кога е отворена можноста за реализација и начин на пријавување?

  • Семинарот ќе биде еднодневен, со обезбедени материјали за секој учесник
  • Јазик на семинарот: Англиски
  • Терминот за одржување на семинарот е Вторник, 27 септември 2022 година, Локација Скопје
  • Линк за пријавување на настанот
  • Агенда
  • контакт: [email protected], тел. 02 3127 345 лок.4
Последни вести
30.08.2022
Стручен семинар- Напредни Технологии за Мониторинг и Решенија за Подобрувањ...

... 7 (седум) години подоцна. Го продолжуваме и надградуваме започнат ...

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2021 Loging Electronics. All rights reserved.