Со нашиот долгогодишен партнер ELSPEC – бренд за врвна технологија со решенија за подобрување на квалитетот на електричната енергија, на 27 септември 2022 година, во хотел Панорамика оддржавме еднодневен, бесплатен семинар "Напредни Технологии за Mониторинг и Решенија за Подобрување на Квалитет на Eлектрична Eнергија”.
Целта на настанот беше од светов да ги донесеме најновите практични информации за напредните технологии за мониторинг и решенијата за подобрување на Квалитетот на Електрична Енергија, со што учесниците се стекнуваа со предуслов за нејзина понатамошна имплементација и примена и без ништо да променат во нивните процеси технологијата да заштедува, што е особено важно во денешново време на екстремно скапа енергија.
Гости предавачи, покрај нашите три сертифицирани инженери во Логинг Електроникс беа и специјалистите од производителот ЕLSPEC. На годинешново издание имавме околу 30 посетители инженери најзасегнати и одговорни за проблематикава од Македонија и Косово од секторите за производство, пренос, дистрибуција на електрична енергија како и поголеми индустриски потрошувачи. Притоа, приликата беше одлична за да се добијат корисни и практични информации за овој единствен и светски број 1 пристап во мерењето и подобрувањето на параметрите на електричните мрежни системи.
Програмата за работа беше организиранa во 3 дела:
1.Наша презентација од инж.Златко Николовски, запознавање на присутните со нашата компанија Логинг Електроникс и што се имаме до сега направено на оваа тема во нашиов регион со примери каква ни е тековната реална состојба. Воедно направивме и вовед во проблематиката за Квалитетот на Електрична Енергија (Линк до презентација)
2. Презентација на Elspec (Mr.Hugo Carvallosa) - Напредни Технологии за Мониторинг и евалуација на Квалитетот на Електрична Енергија (Линк до презентацијата)
3.Презентација на Elspec (Mr.Eylon Kasif) - Решенија за Подобрување на Квалитетот на Електрична Енергија кои штедат (Линк до презентацијата)
Им благодариме на сите посетители за укажаната доверба, која за нас претставува дополнителен мотив и понатаму да изведуваме вакви едукативни настани. Се надеваме дека дадовме наш придонес како и поттик за понатамошно развивање на проблематиката до сите засегнати страни во регионов.