Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Оддржана 4-та работилница за "Развојни Микропроцесорски Системи" (во рамките на проектот Технологија за Тебе)

Skopje-FEEIT, 17.05.2023 11:54:39

Логинг Електроникс и ФЕИТ-ФАБЛАБ ја организираа четвртата работилница за „Развојни Микропроцесорски Системи“

Средношколци и професори од 11 технички училишта од Македонија, изминативе два дена, учествуваа на специјализирана едукативна практична работилница „Развојни Микропроцесорски Системи“. Оваа работилница, по четврти пат, ја организираме заедно со ФЕИТ-ФАБЛАБ во рамките на нашиот партнерски проект „Технологија за Тебе“.

Училишта кои учествуваа на работилницата се:
- СЕТУ „Михајло Пупин“- Скопје
- СУГС „Владо Тасевски“- Скопје
- СОСУ „Илинден“- Илинден
- СОУ „Гошо Викентиев“- Кочани
- СОУ „Гостивар“- Гостивар
- СОУ „Ѓорче Петро“- Крива Паланка
- СОТУ „Ѓорѓи Наумов“- Битола
- ОСТУ „Наце Буѓони“- Куманово
- ССОУ „Коле Неделковски“- Велес
- СОУ „Коле Нехтенин“- ШТИП
- СОУ „Ристе Ристески Ричко“- Прилеп

Идејата за овој настан е родена во 2017 година, а прв пат е реализирана година дена подоцна. Нашиот директор, Златко Крстевски, вели дека идејата на овој проект е технологијата, поточно микропроцесорските системи,  да ги направи достапни за младите генерации во нивната практична едукација.

Првиот ден, традиционално се одржа практичниот дел од натпреварот за „Развојни Микропроцесорски Системи“ во која учениците од средните технички училишта во група од двајца имаа можност да работат во новоотворена лабораторија ФЕИТ ФАБЛАБ со користење на професионални инструменти и програмабилни системи.

Веднаш по завршувањето на практичниот дел, следеше натпреварот, во кој учениците имаа можност да покажат какво решение имаат за вежбата која им беше зададена, и која ја работеа неколку часа во лабораторија ФЕИТ ФАБЛАБ.

По натпреварот беа објавени резултатите, а првите три места ги добија:
Прво место: СОТУ „Ѓорѓи Наумов“- Битола, ученици Христијан Николовски и Петар Божиновски.
Второ место: СОСУ „Илинден“- Илинден, ученици Михаил Кузманоски и Марко Петрушевски.
Трето место: СОУ „Ристе Ристески Ричко“- Прилеп, ученици Христијан Глигуроски и Андреј Недески.

Вториот ден од „Технологија за Тебе“ беше исполнет со презентации од училиштата. Секоја година, Логинг Електроникс, донира опрема на сите средните технички училишта, кои работат со неа во текот на учебната година. Тие ги презентираат своите решенија со донираната опрема од тековната учебна година и прават размена на искуства меѓусебе. Овие презентации се од големо значење за учениците и менторите бидејќи тие добиваат нови идеи и знаења, и прават спецификации за потребната опрема за следната година која ќе им ја донираме.

Покрај презентациите, вториот ден беше резериран и за доделување на награди и сертификати. Сите учесници добија сертификати и ваучери за тримесечна платена пракса во Логинг Електроникс. На учениците кои го освоија првото место на натпреварот им доделивме два Развојни Микрокомпјутери Raspberry Pi 400 Kit, на учесниците кои освоија второ место доделивме два Hexiwear Развојни Системи од Mikroe и на учесниците кои освоија трето место им доделивме две Puctec Дигитални станици за лемење. ФЕИТ за првите три места додели шест стипендии од институтот за Електроника доколку се запишат на насоката Компјутерско хардверско инженерство и електроника.

Прво место за најдобра презентација за донирана опрема добија учениците од СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје. Учениците кои учествуваа во презентацијата ги наградивме со четри Arduino Uno Развојни Систем Кит-ови, а за училиштето беше доделен EasyPIC v8 Развоен Систем од Mikroe за користење за наредните генерации.

Подетални информации околу претходните работилници можете да најдете на следните линкови

Првата работилница 14.06.2018
Завршни активности 2018 
Втората работилница 14.06.2019
Завршни активности 2019 
Трета работилница 09 и 10.05.2022
Завршните активности 2022 .

Последни вести
01.01.2024
Подршка и учество на советувањето СИГРЕ КОСОВО 2023
...
Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2022 Loging Electronics. All rights reserved.